Петар Печков
Објавено: недела, 23 јуни 2024
Вчера, сабота и денес недела, учесниците на Вардарската регата се во Грција. Тие два дена пловат по Вардар во неговиот дел кај јужниот сосед. Досега пловењето било без проблеми.
„Успешно ја минавме границата, преноќивме во Евзони, вечерва сме во Акропотамис. Имавме максимална помош, ветер во грбв, од централите кои ни помогнаа со повисоко ниво на реката Вардар, така што досега е се во најдобар ред. Останува уште утре да ја минеме делтата и потоа да впловиме во Солун“ – кажа Ангелче Гушев, капетан на Вардарската регата, во изјава за ТРМР, вечерва при престојот во Акропотмис. Организатор на регата е Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес.
При пловидбата во Грција од 50 членови кои тргнаа од Велес, учествуваат 35 лица. Најтешкиот дел, делтата на Вардар во Егејско море, ќе имаат помош од грчите рибари и извидници.
„Тргнувавме рано наутро, за да ги избегнеме дневните високи температури и жегата. Од 388 km.колку што е должината на Вардар, ги немав минато последните 80. Ова пловење ми овозможи да го остварам мојот сон“ - кажа Владо Стојановски, највозрасниот и наредовен учесник на Вардарската регата, кој 43 години го чекаше овој ден.
Годинава на регата нема сплав ниту гемија, туку се плови само со чамци, бидејќи границата се минува сувоземно.
Фото ФБ/Ангелче Гушев
Tweet |