речник контакт

Генералниот урбанистички план на Велес со дупки

Автобуската станица среде реката Вардар, рушење на зградите во центарот на Велес, ова е предвидено со новиот Генерален Урбанистички план на градот, донесен во 2006-тата година.

Петар Печков

Автобуската станица среде реката Вардар, рушење на зградите во центарот на Велес, ова е предвидено со новиот Генерален Урбанистички план на градот, донесен во 2006-тата година. Иако на сила само две години а со важност до 2018-та поради неприменливоста веќе се започна да се работи на негова измена. Стручњаците пак објаснуваат дека предвидените решенија се единствената можност за развој на градот.    

- За жал во новиот ГУП има многу недостатоци и треба сепаратно да ги корегираме, се до изработка на некој следен, нов. Постојните решенија се тешко применливи па мораме да се решиме на измени – вели градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

Со новиот ГУП улиците Маршал Тито и Вардарска иако користени од бројни пешаци, ќе овозможеа да се вози со 80 км на час но и заради тоа треба да се рушат зградите и објекти кои се во околината. Тоа значеше дека популарната Свиларска зграда и комплекс Чешел во центарот на Велес ќе треба да се урнат за да се обезбеди потебната ширина на коловозот.  Поради ова  новиот Генерален урбанистички план на Велес е изменет на неговиот старт откако  се покажа како неспроведлив во централното градско подрачје.

Советот на општината ги донесе измените за улиците Маршал Тито и Вардарска, кои наместо магистрални станаа собирни. Проблем се јавува и со просторот каде треба да биде лоцирана новата автобуска станица, наспроти Железничката за да се добие транспортен центар. Но на нејзино место, во пракса тече реката Вардар, поради што сега се бара нов простор за овој витален објект на градот.

- Согласно просторната студија на Република Македонија и позитивните законски прописи исцртан е новиот ГУП на градот Велес. Истиот е минат на ревизија во Министерството за транспрот и врски, така што планот е квалитетен и реален а доколку Велес сака да биде европски треба тој да ги почитува предвидените решенија – велат планерите некогашната Агенција за планирање на просторот во Штип каде тој е изработен, која денес повеќе не постои. Тие објаснуваат дека со просторната студија е планирано реката да тече во корито кое не е исто со постојното и градот. доколку сака ГУП да ги примени, Вардар треба да го пренесочи.

Потоа согласно законот улицата Маршал Тито, која поврзува два региона е магистрален пат, а за таков е потребно да биде широк по 22 а не како што е сега 11 метри, што ќе бара уривање на бројни објекти околу нив. Овие зафати пак градот не е во можност да ги прифати и започне да ги реализира, поради што како најлесно решение е промена на ГУП со нови парцијални решенија.

За да се растовари фрекфентноста на улицата Маршал Тито која единствена врска на стариот со новиот дел на градот, предложено е да се изгради мост кај зградата на ЈКП Дервен, во Градскиот парк со кој ќе се поврзе населбата Речани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »