Петар Печков
Објавено: четврток, 27 јуни 2013
Германската амбасада во Скопје со три илјади евра го поддржа Посебното основно училиште Маца Овчарова од Велес. Училишетот е едно од малкуте во Општина Велес кое работи со деца со посебни потреби, има вработено логопеди и нуди други форми на специјализирана настава, стои во писемното соопштение на Германската амбасада, пратено до медиумите.
Овие средства се наменети исклучиво за набавка на логопедски уред. Германската поддршка е дел од средствата на Сојузното министерство за економска соработка и развој со кои се финансираат мали проекти во рамките на техничката соработка.
Tweet |