Петар Печков
Објавено: четврток, 17 мај 2012
Велешанец искршил прозори од три банки и се предал на полицијата. Според информацијата од СВР Велес настанот се случил вчера вечер околу 21 часот, кога А.У. ( 55 год) за време од десетина минути ги искршил прозорите од влезните врати на Шпаркасе, ТТК и АЛФА банката.
Иако на главната градска улица 8-ми септември има десетина банки, тој ги кршел прозорите на само три од нив. Ова го сторил со камен откако истите не му дале позајмица, која ја барале претпладнето, по што седнал Сармаале и ја чекал полицијата да го уапси. Освен оваа материјална штета, друга не е регистрирана.
Против А.У. СВР Велес ќе поднесе прекрчошна пријава за реметење на јавниот ред и мир а тој е сместен во Психијатриска болница во Скопје.
Tweet |