Петар Печков
Објавено: сабота, 06 септември 2014
Гиго или Глигор Петров кај велешани е познат како Точак. Прекарот е асоцијација на познатиот гитарист Радомир Михајловиќ член на групата Смак од Крагуевац, а Гиго е поим и денес за велешани за рокер. .Живее во Австралија. И натаму музиката е негов живот. Тој и натаму музицира, има гитари со кои и денес свири и настапува. Повеќето вредат со илјадници долари, квалитетни и вредни.
Имам две најдобри тоа се ,,Фендер стратокастер,, од 68 година, вредна најмалку 35 илјади долари. Имам и многу други гитари акустична ,,гуилд,, околу 6 илајди долари. Во колекцијата се и јамахи, Редлик, Џипсон, Ибанез. Многу јака колекција со која се гордеам. Многу е вредна. На времето дојдов во Австралија да останам 6 месеци, останав 33 години Поздрав до велешани, гоооолееем пооооооооздрав – вели Гиго.
Се присетува на младоста и неговите свирки низ Велес, по кој го помнат постарите сограѓани. Иако физички отсутен од градот, тој е тука во муабетите, по неговиот музички квалитет.
Со групата со која свирев, имавме многу јаки свирки, се собираа по две илјади луѓе. Тоа и денес е голема бројка за таков простор. Беше престиж да се дојде на нашите концерти. Свирев хеви-метал, имав голема коса и бев несекојдневна појава за тоа време, вистински хипик од почетокот на седумдесеттите. Ме гледаа чудно велешани а потоа се навикнаа на мене. Жените не се палеа, туку колеа по нас - низ смеа вели Гиго член на Магична Крв во која биле и Боре Караколето, Орце и Ружди Жути.
Гиго прв во Велес донел оригинал соло гитара и тоа марка ,,ибанез,, од Италија вредна три илјади марки, тогаш вистинско богатство. Тоа негова пасија кон гитарата продолжува и денес, со квалитетните инструменти кои ги има дома. На нив свири за своја душа.
Tweet |