речник контакт

Гимназија „Кочо Рацин“ ги презентираше активностите и проектите во програмата Еразмус плус

Придобивките се огромни како наставници можеме да се запознаеме со европски начин на образование, учениците да се чувстуваат како дел од Европа

Петар Печков

Велешката Гимназија ,,Кочо Рацин,, во салата на Општина  Велес ги презентираше сработените   проекти  од   период од 2014-та до 2017-та година. Ова се однесува  на програма ,,Еразмус +,,.  Тоа се повеќе проекти, во кои Гимназијата учествувала како апиликант или надворешен учесник. Тие беа  реализирани од  координаторите  Кристина Леова и Мариче Лазаревска професорки   при Гимназијата. Тие ги претставија пред присутните гости. 

Првата е клучна акција  еден за мобилност  на  наставен кадар и ученици каде има два проекти.  Во 2014-та наставници посетија обуки  надвор од државата. Две   во Франција  за француска цивилизација и културни односи, во Кипар на тема  менаџирање  и подготвка на  проекти во прогамата ,,ерзмус +,, и уште една обука за колеги кои беа на  Малта за  зајакнување на ИКТ вештините . Ваков проект за мобилност на наставници, овој пат 10 добивме и  лани. Колегите беа во Португалија. Едната тема беше интернационализација на училиштата, каде можевме да научиме како да правиме успешни проекти.  Втора обука беше како да се користат табелетите во наставата , оти модерната  технологија налага користење на   модерни уреди   за образовни цели - објасни Леова.

Добивме и  грант за проект од две години, нов тренд за  образовението во Европа тоа е поврзување на  математиката  како наука со природните науки - физика,  билогија, хемија,  со инжинерство. Така учениците на практичен начин можат да дојдат до нови сознанија.   Учениците ќе бидат вклучени преку  работилници и тренинг обуки, едната е  реализирана во Италија, остануваат уште три во Португалија  Романија и Македонија  до 2019-та година.  Учествувавме во проект на невладина органзиација од Теарце Тетово, која вклучува мобилност на ученици кои  посетуваат обуки на различни теми. Учениците имаат можност да го запознаат европскиот начин на  живеење, да се спријателат со нивни врсници, да споделат искуства, да  се соочуваат со проблемите со кои се  судруваат и стекнат  трајни пријателство - рече Леова.

Мариче Лазаровска, исто така коориднатор на ,,Еразмус+,,проектот  го промовираше  Прирачникот за користење на методот Математички лавиринт, наменет за наставници и ученици, кој заврши  во октомври минатата година. 

Тоа е проект за зголемување на нивото  на знаење преку решавање на реални проблеми. Во преоктот Гимназијата беше апликант координатор и имаше шест учесника  средни училишта од Италија и Бугарија, математички асоцијации од Кипар и Југоисточна Европа и Универзитетот Гоце Делчев од Штип. За изминатите две години се реализираа пет  интелектуални  производи. Една од нив е база -колекција на добри практики, која се наоѓа на веб страната на проектот. Содржи  издвоени  добри практики ширум Европа и   надвор од неа. Има курсеви, натпревари, книги, публикации, веб платформи. Вториот и најсуштински прозвод е интерактивна книга, со повеќе од сто реални   проблеми, решени чекор по чекор  со математички решенија. Секој може да  се логира и да има пристап до тие задачи. Третиот прозвод е  прирачник за  примена на методот математички лавиринт, всушност упатство  како да се  користи  интерактивната книга. Нуди техники, корисни  линкови. Четвртиот производ се тестови за евалуација, при што беа реализирани три математички кампови  во Македонија, Италија и Бугарија.  Петтиот последен производ е структурирана обука - објасни Лазаровска. 

Сите производи меѓу кои и интерактивната книга и електронската верзија на прирачникот се достапни за широката јавност преку страната на проектот http://www.math-labyrinth.eu/. Гимназијата Кочо Рацин стои на располагање за сите заинтересирани да одговори на сите прашања и ги повика на консултации во нивните  простории.

Придобивките  се огромни како наставници можеме да  се запознаеме  со  европски начин на образование,  да се примени  тоа што го гледаме во Европа  согласно условите кои ги имаме и располагаме  во Гимназијата, да го приблимжиме европското граѓанство и учениците да се чувстуваат како дел од Европа - заврши професорката Леова. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »