Петар Печков
Објавено: петок, 18 мај 2012
На годинашнава Гимназијада која се одржа во Прилеп, одлични резултати постигнаа велешките средношколци. Од четири екипи учеснички, кои го минаа филтертот на регионалните натпреварувања, сите освоија медалји.
Прво место и златна медалја за женската фудбалска екипа на Јовче Тесличков. Злато освоија и машките од Коле Неделковски во футсал. Сребрена медалја за гимназијалките од Кочо Рацин во одбојка. Во истиот спорт, машка конкуренција трето место за екипата на Гимназијата Кочо Рацин.
Tweet |