Петар Печков
Објавено: сабота, 28 декември 2013
Во Француското Катче во локалната библиотека „Гоце Делчев“ присутните можеа да ја проследат презентацијата на двата француски весника коишто учениците како проектна активност по француски јазик заедно со нивната професорка Билјана Миланова ги промовираа за прв пат.
Целта на овој настан беше пред младите и повозрасните да се долови духот и шармот на француската кујна. Исто така да се прикаже зошто Французите се декларирани како големи гурмани, во што е магијата и уникатноста на француското сирење, вино, кроасани, багет.
Од друга страна желбата на средношколците да видат како изгледа изработката на еден весник беше исполнета. Со повеќе месечна работа тие имаа можност да истражуваат, да соберат материјали, да ги дизајнираат страните од весникот и на крај да го промовираат јавно она што го сработиле.
Во проектната учествуваат 30мина ученици, сите беа вклучени на различен начин, некој преку пишување текстови и новинарско истражување, некои преку подготовка на презентации, преку организирање на деталите за настанот. Учениците се од втора и четврта година. Оствариле и соработка и со хотел „Романтик“, печатница „Ива 2003“ и винарија „Изворно“.
Tweet |