речник контакт

Гимназијата ,,Кочо Рацин,, е домаќин на третата обука на наставници од четири држави

На обуката присутни се наставници од четири училишта Португалија општина Барселос, Крајова - Романија, Никелино близу Торино Италија и велешката Гимназија

Петар Печков

Велешката Гимназија ,,Кочо Рацин е домаќин на третата обука  од проектот newWERD - нови начини  на истражување   и развој во образованието.  Оваа образовна институција е координатор на проектот а темата е  ,,Стем ,,  методологија  -наука, технологија, инжинерство, математика.  Во работата се вклучени  наставници по природни науки, математика и информатика, кои работат со  интердисциплинарен пристап. 

Целта е наставниците да стекнат нови знаења, нови вештини и компетенции кои би ги примениле во наставата,   би ги им доближиле реалните проблеми на учениците преку нивните методски единици - рече  професорката Христина Леова, координатор на проектот.  

Сите реални проблеми во секојдневието треба  преку овој проект да се решат со методи кои се применливи во математика, физика и хемија.    На оваа трета обука  присутни се наставници од четири училишта -  Португалија општина Барселос,  Крајова - Романија, Никелино близу Торино  Италија  и велешката Гимназија, сите се дел од стратешко партнерство . Заеднички работат  во период од две години. Во дворот на Гимназијата се одржа и работилница со  нејзини ученици од втора, трета и четврта година,  твореа на  тема,, обновлива енергија и   алтернативни начини на  извори на енергија и климатски промени,, .

Имаме штандови, каде учениците изработуваат проекти на темите кои се дел од него, обновлива енергија, заштеда на енергија и климатски промени.  Се изработуваат водени турбини, ветерници и соларни панели кои подоцна можат да се користат како извори на електрична енергија. Учениците имаа пред знаења за да може да ги изработат задените задачи    -  изјави   Драгана Тевчева професорка во Гимназијата и  - дел од  проектот ,,Њу верт,,

Во предвидените содржини се и посета на хидроцентрала во Струга и  посета на УХМР во Скопје 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »