речник контакт

Гимназијата за патронатот отвори сувенирница (фото)

Се одбележуваат 158 години од постоењето и работата

Петар Печков

 Велешката Гимназија ,,Кочо Рацин,, најстара во земјава, го одбележува патронот, годишнината од издавањето на стихозбирката ,,Бели мугри,, и 158 години од нејзиното  постоење.  По тој повод беше  предадена во употреба сувенирница, единствена во градов. Целта била учениците да го почувствуваат претприемништвото и бизнисот во пракса, од идеа до  производ и продажба. 

Отворивме   сувенирница,  која е проект на четири средни училишта од Македонија.  Учениците заедно со професорите го направија истражувањето, што му треба и недостига   на градот и пазарот. Направија договори с о комитенти  и велешки занаетчии. Откривме и три плочи, мозаици со ликови и симболи  на Гимназијата и градот - изјави директорот Сашко Андреевски. Овие три мозаик плочи, се создадени со спонзорство на превозниците од градот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »