Петар Печков
Објавено: петок, 25 мај 2012
По вчерашната посета на велешката Општа Болница, министерот Никола Тодоров го соопшти неговото времено решение за оваа функција, која е испразнета по заминувањето на директорот Ванчо Граматов, кого го фати бранот на промени на ВМРО-ДПМНЕ.
Имав состанок со 17-18 луѓе од стручниот колегиум и одлучивме шанса да дадеме на еден доктор, долги годни таму вработен. Тоа е познат гинеколог, Атанас Василев раководител на тоа одделение па ќе видиме како тој ќе функционира. Му ги дадовме обврските на кој треба да се фокусира. Велешката Болница е регионална и затоа е од посебно значење – изјави министерот Тодоров.
Тој претходно порача дека в.д директорот ќе биде личност со високо ниво на интегритет, кој е ценет и почитуван не само во колективот туку и пошироко. Министерот се пожали дека не е лесно да се избере вистинскиот, бидејќи тој е огледало на живеењето во локалната заедница. Со именувањето на в.д директорот Василев отстранета е пречката за распишување на конкурсот за тројца доктори специјализанти бидејќи досега немаше кој да го потпише.
Tweet |