Петар Печков
Објавено: недела, 15 мај 2016
Здружението за заштита на животните ,,Гласот на животните,, од Велес, деновиве доби вредна донација. Таа се состои од храна, лекарства и куќарки за куќињата. Вредна е околу три илјади евра. Донацијата е од неколку Македонци, кои живеат во Германија.
Овие неколку дена живееме како во сон! Како од небо да паднаа прекрасни луѓе кои ни го разубавеа животот. Тешко ни е да поверуваме дека ни се случува вакво нешто . Нашите животинки добија еден куп работи кои им беа потребни. Ви благодариме од дното на душата за оваа огромна помош. Вие заедно со луѓето кои ви донираат сте прекрасни и екстремно хумани луѓе. Ви благодариме што ни помогнавте да им помогнеме на бездомните животни и се радуваме на нашата понатамошна соработка - велат од Здружението. Од таму потсетвуваат деке и натаму најнеопходни им се средства, заради вакцинација на напуштените животни, кои се на улица.
Тоа за три и пол годишното постоење има вдомено 1.200 животни, што кучиња или мачиња, од кои 600 болни, спасени од улица. 13 кучиња се вдомени во Италија, Бугарија, САД , Англија, Франција и три се подготвуваат деновиве за Холандија.
сметка -
ЗЗЖ ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ
ДЕНАРСКА СМЕТКА: 300270000101436
ДЕПОНЕНТ: КОМЕРЦИЈАЛНА Банка АД Скопје
Донирајте по ваша желба !!
Tweet |