речник контакт

Глупите спајверџии се здружуваат

Можеби двете најголеми зла на интернетот, производителот на маркетинг софтвер 180solutions и нивните колеги по зулум Hotbar објавија дека се споиле во една компанија која од сега ќе ја сквернави мрежата под името Zango.

lj lkjl

Можеби двете најголеми зла на интернетот, производителот на маркетинг софтвер 180solutions и нивните колеги по зулум Hotbar објавија дека се споиле во една компанија која од сега ќе ја сквернави мрежата под името Zango. 180solutions создава софтвер кој испорачува поп-ап реклами додека луѓето пребаруваат одредени поими на интернет, додека Hotbar нуди тулбар за Интернет Експлорер, Аутлук и Аутлук Експрес, кој прикажува реклами. Новата супер-спајвер компанија ќе биде управувана од менаџментот на 180, кој всушност е и поголемиот пратнер во целата работа. Парлелно со промената на брендот на пазарот ќе биде исфрлена и нова штеточина - Zango Search Assistant. Во замена за доверба, Занго и Хотбар ќе нудат пристап до содржини како видеа, игри и алатки. Инаку и двете компании се едни од најозогласените производители на спајвер. Но и покрај ова тие не се жалат на финансискиот успех. \"До сега имавме 16 последователни профитабилни квартали. Занго вработува околу 200 работници и допрва очекуваме вистински успех\", без трoнка грижа на совеста изјави претседателот на новата компанија. Извор:[url=on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=2B164270C682944EA372E7EA818FFD96]on.net.mk[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »