речник контакт

Го заклал поради девојка

Само се прашувам дали ова е само кај нас, или во светот има многу погадни срања од ова??? „Несалам работа“ би рекла баба ми.

Зоран Николов

Убиениот Кирчо Белчевски (25), не можејќи да се помири дека неговата поранешна девојка ќе прави свршувачка со друг, почнал кавга со свршеникот, по што овој извадил нож и го пробол Кирчо во срцето

Момче му зарило нож на гевгеличанец бидејќи овој претходно бил во љубовна врска со неговата сегашна свршеница. Убиството се случило завчеравечер во 22.45 часот, на булеварот Гевгелија во Гевгелија.

Во крвавиот инцидент, Александар Дуков (22) од гевгелиското село Негорци со нож го пробол во срцето Кирчо Белчевски (25), студент од Гевгелија.

Белчевски починал на самото место на инцидентот.

Убиецот веднаш бил приведен. Полиција против Дуков поднела кривична пријава за убиство, а истражен судија му одредил 30-дневен притвор.

Убиениот Кирчо Белчевски имал седумгодишна љубовна врска со девојка од Гевгелија. Пред околу еден и пол месец момчето и девојката се скарале. Потоа таа започнала љубовна врска со Александар Дуков, кој набрзо и\' предложил да направат свршувачка. Семејството на Александар Дуков и родителите на девојката се договориле да се сретнат и да се запознаат.

Во понеделникот вечерта Александар со семејството отишол во домот на девојката и разговарале за свршувачката. Во меѓувреме Кирчо, не можејќи да се помири дека неговата поранешна девојка ќе се сврши со друг, дошол пред нејзината зграда и од мобилен телефон и\' се јавил неколкупати и и\' се заканувал. Потоа Кирчо му се јавил на Александар и со него се договорил да се сретнат пред зградата број 3 на булеварот Гевгелија. Пред зградата се сретнале двете момчиња и татковците на Александар и на девојката. Додека Кирчо и Александар разговарале, меѓу нив дошло до кавга. Расправијата набрзо прераснала во тепачка во која Александар го извадил ножот „кама“ и го пробол Белчевски во потклучната коска од левата страна на градниот кош.

Со ножот убиецот му ја пресекол срцевата артерија, по што Кирчо починал веднаш.

Сведоци на крвавиот инцидент од поблиското соседство во околните згради раскажуваат дека Кирчо вознемирен дошол пред зградата и, јавувајќи и\' се по телефон на бившата девојка, од неа барал да му врати некои предмети, очигледно барајќи можност за контакт.

- Го закла момчето без око да му трепне. Се\' се случи под дрвото во близина на зградата. Последните чекори што ги направи Кирчо беа 2-3 метри од местото на убиството. Потоа падна мртов на средината од улицата. Имаше толку многу крв на улицата што на местото на убиството дојде противпожарно возило за да ја измие - велат сведоци, кои вечерта седеле на балконот во блиската кафеана.

По наредба на истражен судија, телото на убиениот било однесено на обдукција.


Извор:
Дневник

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »