Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 декември 2007
Велешанецот Тоше Јорданов (25 год) го запали неговиот камион, кој беше запленет во акција на СВР Велес за фаќање на дрвокрадци.
Пред очите на присутните и полицајците, Јорданов дојде на приватен паркинг, каде беше возилото, го полеа со шише бензин, по што со запалка го потпали. Огнот бргу го зафати камионот и тој пламна и изгоре. Противпожарната единица кога дојде можеше само да го локализра пламенот кој веќе згаснуваше.
Полицијата по ова го приведе сопственикот и против него поднесе кривична пријава за предизвикувње општа опасност. Тој претходно заработи и други две кривични пријави, нелегален превоз и шумска кражба откако завчера попладне беше фатен на патот Велес - Булаково како во неговото возило камион марка застава со регистарски таблички ВЕ- 695-БЛ нелегално превезува 7 кубици дрво за кое немал дозвола за сечење ниту истот имало жиг. Претходно на истиот пат било фатено и лицето Неџат Сулејмани од село Бузалково како во неговиот камион марка мерцедес со регистарски таблички ВЕ-668 БХ пренесувал 7 кубика дрво.
И во двата случаи дрвата биле без жиг и дозвола се сечење, по што истите се одземени заедно со товарните возила, додека против двајцата сопственици се бидат поднесени кривични пријави за шумска кражба и нелегален превоз.

Tweet |