Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 јуни 2020
Фрат Мемедовски, денес застана пред Фазли Ахмет Пашина Џамија, кај велешани позната како Црна Џамија и се извини за кажаното во саботата на мирниот протест. Читајќи од мобилен телефон тој кажа дека бил и грешно разбран оти не го знаел добро македонскиот јазик.
Сакам да се извинам на градот Велес за моето обраќање, бидејќи тоа што го кажав не го мислев. Мојот македонски јазик не е доволно усовршен, бев возбуден и поради тоа моите зборови се разбраа на начин кој и јас самиот не го оправдувам. Исламската вера и муслиманите никогаш не повикуваат на безредие и анархизам, туку повикуваат на соживот со комшиите и со останатите вери и нации. Се извинувам до македонската јавност - рече Мемедовски.
Во саботата се одржа мировен протест на дел од муслимански верници од Велес. Според видео материјал кој беше проследен на социјалните мрежи, причина за протестот е што лице од Штип, упатило погрдни зборови кон Алах. Видео материјалот кој беше достапен до синоќа, од вчеравечер е избришан од ФБ.
Првиот говорник, посочи дека тие се повредени од кажаното и бараат надлежните државни институции да преземат мерки за санкционирање на говорот на омраза кажан од штипјанецот.
Имаме добар соживот во Велес и сакаме да продолжиме, но бараме лицето што ги кажа тие зборови, да биде казнето - кажа првиот говорник. Вториот соговорник, кој присутните го идентификуваа како Фрат Мемедовски, повика на Света војна- Џихат, доколку ваквата навреда кон Алах се повторни.
Tweet |