речник контакт

Година дена затвор за велешки доктор

Д-р Кодовски е осуден поради ,,тешки дела против здравјето на луѓето,, кое го сторил од небрежност

Петар Печков

Хирургот Петре Кодовски, доктор во велешката болница доби година дена затвор, поради  грешна дијагноза на пациент кој тој го оперирал,  по што настапила и негова смрт. Докторот беше прогласен за виновен за ,,тешки дела против здравјето на луѓето,, кое го сторил од небрежност, по што настапила смртта на седумгодишниот Месерт Зекиров од велешкото село Горно Јаболчиште.  Настанот се случи на 31 мај 2010-тата година,  по операција на слепото црево  кое ја извршил обвинетиот а детето почина два дена подоцна. 

При оперативниот зафат, обвинетиот при текот на операцијата не направил доволна експлоарација на тенкото црево и детекција на Мекеловиот дивертикулум, што е констатирано од вештачењето на Судско медицинскиот одбор. Од дополнителното вештачење се гледа дека увртувањето на Мекеловиот дивертикулум, постоел најмалку 48 часа пред да настапи смртта, или кога детето било донесено на преглед, односно кога било на операција.   Дека не е извршена експлорација се гледа од оперативниот протокол, пропуст кој е направен за време на операцијата.  Обвинетиот погрешно  поставил дијагноза, што е констатирано од стручните лица во нивните вештачења - ја образложи пресудата при изрекувањето,   судијката Габриела Гајдова.

 Обвинетиот д-р Кодовски беше разочаран од изречената казна, оти тој  сметаше дека грешката не е негова, туку  на друг доктор.

Не се чувствувам виновен. Од вештачењето на судско  медицинскиот одбор  се констатира дека нема грешка во поставената индикација за оперативно лекување. Нема грешка ниту што препаратот не е пратен  на  пато- хистолошка анализа. Нема грешка што дежурниот хирург извршил операцијата само со сестра инструментарка. Единствената забелешка  нотирана во вештачењата за недоволна експлоарација, не е внесена како задолжителна во некој оперативен протокол. Со целото свое јас, тврдам дека вината не е моја, туку е на  наредниот дежурен хирург - рече во своја одбрана д-р Кодовски.  

Според обвинението докторот несовесно постапил при укажување на лекарска помош, со што предизвикал влошување на здравствената состојба на  пациентот поради што настапила смрт. Во постоперативниот период дошло до влошување на здравствената состојба на детето, кое починало   два дена подоцна, како последица на преплет на цревата. Следниот ден по операцијата, дежурниот доктор, воопшто не го прегледал детето,  кое се жалело на страшни болки, туку само преку сестрите испраќал апчиња против болки. Доцна вечерта тоа починало.  Истата казна на обвинетиот доктор му беше изречена и при првата пресуда, пред една година, а Апелација предметот  го врати на повторно судење.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »