Петар Печков
Објавено: вторник, 10 јули 2012
По две годишно успешно организирање на единствениот Фестивал на гастрономијата во Македонија кој се одржуваше на хотелот Романтик, во текот на месец јули, годинава тој нема да се одржи.
Организаторот невладината организација ,,46664,, кратко образложи дека имале проблеми околу обезбедувањето на реномирани гости, поради што процениле дека е подобро една година да се паузира, отколку да се има кратка програма или пак гости без познати кулинарски имиња.
Претходните години велешани имаа ретка можност да уживаат на терасата од Хотелот Романтик, во вкусните јадења подготвени од познати имиња од Хрватска, Австрија, Турција, Шведска....
Tweet |