Петар Печков
Објавено: вторник, 13 јули 2021
Иако со затоплувањето на времето вообичаено се раздвижуваат влечугите, во првата половина од годинава, во велешко нема регистрирано каснување на змија.
Секоја година во овој период, со повисоките температури имаше по неколку случаи, годинава нема. Дали луѓето се претпазливи или змиите не така активни, не може да се донесе заклучок.
„Оваа година до денес нема каснување од змија“ - одговорија на поставеното прашање на ТрМр,, од велешка Болница.
Што да направам доколку ме касне змија?
Најбитен е психолошкиот аспект. Немојте да паничите, немојте да помислувате дека ќе умрете и дека нема спас. Ова едноставно не е точно, односно каснувањата од змија можат да се излечат. Најпрво местото треба да го имобилизарате и што помалку или скоро воопшто да не го мрдате. Местото морате да го позиционирате под нивото на срцето. Сите овие совети го спречуваат ширењето на отровот. Пред било што од горенаведеното да направите, морате да го подврзете местото над раната, доколку се работи за екстремитет, ова најефикасно ќе го спречи ширењето на отровот.
Откако ќе подврзете над раната, покријте ја раната со чисто парче од облека, немојте да аплицирате алкохол, ниту било каква друга течност, исто така немојте воопшто да конзумирате алкохол по каснувањето додека да стигнете во болница. По основното подврзување и заштитување на раната, веднаш најдете начин брзо да стигнете во болница, не превземајте никакви други активности.Немојте да ја сечете раната, за да го извлекувате отровот, немојте да правите никакви слични манипулации кои сте ги гледале на филмовите бидејќи можете да предизвикате компликации, плус тоа, нашите змии не се дотолку отровни за да немате време да стигнете до болница.
Сепак до болница би требало да не се движити, а подврзаната рана да ја носите под нивото на срцето.
Неколку значајни совети при казнување од змија:
-Ако ве касне змија немојте да пробувате да ја фатите, може да ва касне повторно
-Ако ве касне змија, пробајте да ја запаметите нејзината боја за да ја опишете во брза помош
-Ако ве касне змија, МОРАТЕ да посетите брза помош, без разлика дали вашето убедување е дека змијата е отровна или неотровна.
Според Светската здравствена организација, од каснување на змии во светот секој ден умираат по 200 лица. Најмалку 400.000 луѓе секоја година се во состојба на инвалидност поради каснување од змии. Во светот има околу 3.400 видови змии, а околу 600 од нив се сметаат за отровни. Нападите претежно се случуваат во Азија и Африка.
Tweet |