речник контакт

Годинава девет ново заболени од туберкулоза во велешко

Лани осум, годинава девет случаи на заболени

Петар Печков

Туберкулозата ја има и натаму во велешко. Оваа заразна болест  е идентично присутна како лани, така и годинава за девет месеци.

Годинава за првите девет месеци регистрирани се девет случаи, шест белодробни и три  вон белодробна туберкулоза. Во пет случаи заболени се мажи а четири се жени. Болните се на возраст од десет до седумдесет години. Лани имавме регистрирано осум случаи, шест нови заболувања и две повратници – вели д-р Убавка Јаневска.

Периодот на лечење трае од шест до девет  месеци во зависност дали е ново откриен или рецидив. Лековите за овие пациенти  не можат да се набават во аптека, туку се добиваат исклучиво  само преку АТ Диспанзерот. Од 15 до 21 септември е недела на туберкулозата во Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »