речник контакт

Годинава за изградба на инфраструктура досега се потрошени повеќе средства отколку лани во истиот период- кажа Коцевски

За жителите на населба Речани се подготвуваат спогодби со кои домаќинствата би учествувале во изградба на комунална инфраструктура

Петар Печков

Градоначалникот Коцевски на прес конференција  ги објави резултатите од  финансиското работење на локалната власт,   за третиот  квартал  во 2018 година. Оперативните приходи во износ од 495.441.779 денари биле реализирани со  3.87 % повеќе  во однос на 2017 година, капитални приходи  во износ од 20.946.183 денари  се 14,86 % повеќе, тековно оперативните расходи во износ од 432.329.567 се 1,01 %  повеќе во однос на 2017 година  и капиталните расходи во износ од 34.041.441 денари се реализирани со 2,59 % повеќе во однос 2017 година.

Сакам особено да го потенцирам фактот дека Општина Велес и покрај тоа што во текот на оваа година вративме огромни долгови, само до 1 декември има вложено 79.082.077 денари за изградба на комунална инфраструктура  што е повеќе  во споредба со 2017 година  кога  за изградба на комунална инфраструктура се потрошени само 68.835.076 денари. Со овој податок паѓаат во вода како целосно неосновани, злонамерни и тендециозни критиките на социјалните мрежи дека малку се градело во овој период. Бројките покажуваат дека и покрај тоа што враќавме долгови сме изградиле до први декември многу повеќе во споредба со целата мината година, а тој податок ќе биде уште подобар до крајот на годината - кажа градоначалникот Коцевски.  

Посочи дека репрезентацијата е реализирана во износ од 21.630 денари или дури  32,4 пати  помалку во однос на 2017 година, горивото е реализирано во износ од  466.619 денари или 24,81 %  помалку во однос на 2017 година кога за гориво биле исплатени 620.619 денари, патните расходи се реализирани во износ од 277.867,00 денари или 56,77 % помалку во однос на 2017 година кога за патни расходи биле платени 642.732 денари 

Како што можете да видите од презентираните податоци, финасиското управување во општината продолжува со позитивен тренд и во третиот квартал, што значи дека домаќинското и одговорното управување со средствата на граѓаните на Велес дава резултати. Сите заштедени средства ќе ги искористиме за проекти и активности за подобрување на животот на велешани - додаде Коцевски. 

Како проекти кои се во тек или привршуваат тој ја напомена прошивањето на улицата која води кон Болницата, ул. Самоборска. На новинарското прашање а по реакциите на жителите на населба Речани што се предвидува таму да се гради Коцевски објасни:

Стручните служби подготвуваат правни документи - спогодби, кои ќе им ги понудиме на граѓани од населба Речани кои имаат бесправно  подигнати објекти а немаат платено надоместок за уредување на градежно земјиште, да учествуваат со сопствени средства како кофинансирање во уредувањето ана комунална инфраструктура  во населбата. Нелогично е кога не издвоиле средства или со едно евро ги легализирале своите објекти,да очекуваат Општина Велс на сопствен трошок да гради. Мора да се доведат во еднаква состојба со останатите жители  од општината, мора и да учествуваат со сопствени средства да имаат квалитетна инфраструктура - кажа Коцевски.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »