речник контакт

Годинава младиот кромид со добра откупна цена, башиноселци задоволни

Иако немаше откуп за Хрватска, младиот кромид и младиот лук се барани за македонскиот пазар

Петар Печков

После десетина години, оваа младиот кромид од Башино Село има цена, од која одгледувачите се задоволни.  Врзопот е 300 денари, цена која не е постигната со години. Таков е случајот и со младиот лук, кој исто така е баран. Башино Село важи за најголемиот производител на овој раноградинарски зеленчук.

Одгледувачите велат дека напорно работеле  девет месеци од засадувањето до денес и време било, по долги сушни години,  да го наплатат нивниот труд. Причината е што поради ниската цена претходните години, повеќето одгледувачи, оваа засеале далеку помали површини.

„Годинава состојбата со откупот на младиот кромид и одлична, досега не помнам дека вака било.  Откога почна да се откупува  е 300 денари за врзоп, постојано. Претходните години секогаш на почетокот  цената беше висока и за неколку дена да падне, годинава не е таков случајот.  Откупуваат неколку лица од селото, има и од Скопје. Претходните години ги имаше повеќе откупувачи, доаѓаа со години, но годинава ги нема се откажаа, нема многу кромид.  Многумина од соселаните се откажаа од одгледување, затоа има добра цена. Лани беше лоша со корона вирусот,  кога имаше карантин, пазарот се намали, младиот кромид не се бараше  и се намалија површините,   па има  висока цената годинава“ - вели  Иле Наумовски одгледувач на млад кромид .

Интерес за него ќе има  како и секоја година до 1-ви мај, годинава се поклопува  со Велигден, после тоа нема откуп. Секој ќе се грижи сам за својот род. Годинава за прв пат, после 15-тина, немаше организиран откуп на младиот кромид за пазарот за Хрватска.

Башиноселци се сомневаат дека  причината е што католичкиот Велигден годинава беше рано, на 1-ви април, па во март месец ниту еден камион не дошол и не заминал, со зеленчукот за пазарите во Загреб. Но и покрај тоа, годинава тој има цена. Добра цена има и младиот лук, кој мината година се бараше  како превентива од корона вирусот, иако СЗО кажа дека нема доказ за ваквите тврдења.

„Младиот лук е по 400 денари врзоп и таа цена е добра. Младиот кромид, кој повеќе се одгледува во Башино село, годинава има добра откупна цена,  споредено со лани, тогаш немаше. Лани и се извезуваше за Хрватска, годинава не“ - кажа  Блаже Михајловски одгледувач на млад лук.

Во селото, секоја куќа сади млад кромид, некои од тоа живеат други тоа им е дополнителен приход.  Цели фамилии работата на него, го корнат, чистат, перат, пакуваат, тоа е фамилијарен бизнис. Новина од минатата година е што врзопот се пакува во кеси, бидејќи така повеќе бил заштитен младиот кромид и било подобро хигиенски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »