Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 март 2020
Годинава престапна а во продолжениот месец февруари, во последниот ден нема родено бебе на акушерското одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес.
Портпаролот на оваа здравствена институција д-р Весна Николова Неделковска соопшти дека на 29-ти февруари на ова одделение нема новороденче.
Бидејќи 29-ти февруари е еднаш на четири години, родените на овој ден, роденден чекаат на секои четири години.
За посетување во 2012-та се родија две бебиња - машко и женско, додека 2016-та едно - девојче.
Tweet |