речник контакт

Годинава настапи на балетот и операта , како и концерт на Калиопи

Што нуди програмата на Министерството за култура за Велес во 2015. Велес повторно во обид да биде Град на Културата

Петар Печков

 Од позначајните културни настани годинава, кои ги финансира Министерството за култура, во Велес треба да  се случи гостување на Македонската опера и балет, чин кој досега не се случил во Велес. Од причини што немаше соодветен простор. Но со отворањето на новата театарска зграда, велешани конечно ќе можат да ги видат и овие две културни институции. Во програмата е и концерт на поп дивата Калиопи, кој таа го потврди во разговор за ТРМР и при отворањето на новата театарска зграда. Не е прецизирано каде ќе се одржи овој концерт, дали зградата на новиот театар, што е  желба на Калиопи или салата Гемиџии.  Министгрството за култура ќе ги поддржи како и изминатите години и театарските Фестивали ,,Стоби,, и Импакт,,.  Предвидени се и симфониски концерти за деца.

И годинава вообичаено средства ќе добие Стрип фестивалот за негово одржување  и за издавање на два броја од стрип споисанието, но и средства за стрип библиотеката.

Дејан Лазаревски и Иле Колев треба да одржат концерт со преработки на македонски балкански  музички теми за класична гитара и кларинет.

Од изложбите како најава е преземањето на изложбата на акварели  на дела од Националатна Галерија ,,По трагите на водата,, и изложба на дела од колонијата ,,Дрен,,. Министрството ќе ја поддржи и ликовната колонија ,,Папрадишки мајстори,,.

Предвидено е да се изврши санација и адаптација  на старата железничка зграда во Градско во Центар запосетители и формирање на привремена поставка со лапидаруим. 

Заштита на културното наследство во Азот е планирно преку активноста на Здружението на граѓани  Разбој  и етнолошкиот музеј во село Бистрица.  Ова здружение ќе ја оганизира грнчарската    работилница

Од заштитата на националното богатство предведена е конзервација на 9 икони од 17 век од црквата Св. Атанасиј во Богомила и три царски двери во Чашка, и изработка на проекти за заштита на  старото градско јадро Варналиите, на црквата св. Ѓоргија во Бистрица, увид во состојбата на спомeниците на културатга во велешко.  Годинава продолжува и санцијата на Спомен костурницатата.

Со годишната  програма се планирани продолжувањер на работите во археолошкиот локалтеит Стоби, преку конзервација и реставрација на Римскиот театар, конзерваторски работи на мозаикот од епископската базилика, археолошки истражувања на комплексот околу храмот Изида.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »