речник контакт

Годинава пробно затворање на ул 8 Септември во центар, откако ќе се уредат тротоарите

Одговори на прашањата кои ја зaсегаат јавноста, кога и во кој период ќе биде затворена улицата 8 Септември, како ќе се организира превозот на работници во големите автобуси, зошто нема приод кон паркингот пред судот во правец од центар, ќе има ли пешачки за кон Дворови кај НА- МА

Петар Печков

Улиците Страшо Пинџур и Гоце Делчев, од центарот на градот ќе бидат двонасочни, кога ќе заврши уредувањето на тротоарите од улицата 8 Септември во централното градско подрачје. Но и двонасочниот сообраќај ќе биде во одреден период од годината и на денот.

Годинава тоа може да се случи, за кратко, како проба, најавија од локалната власт, откако пред десетина дена се изврши хоризонтално сообраќајно  одбележување на овие две улици, позади судот, кои досега беа еднонасочни.

„За да се затвори улицата 8 Септември, во центарот на градот, мроа да се уредат тротоарите, и од лева и и од десна страна, зафат кој е во тек. Потоа треба да се изврши нејзино хоризонтално одбележување, по што на увид би дошол инвеститорот, од канцеларијата на ЕУ, за дали може таа да се пушти во сообраќај. Поточно регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје, според предвидениот план донесен 2017 година“ – кажа Славче Велков, сообраќаен инжинер во Општина Велес.

Годинава е можно улицата 8 Септември во централното градско подрачје, од Сармаале до Коњаникот, да биде пробно затворена, за да се увидат позитивните и слабостите на планинариот и предвиден сообраќаен режим. Предвидено е догодина таа да се затвори во периодот од јуни, јули и август од 18 до 3 часот.  

„Со проектот од 2017 година предвидено е низ улицата 8 септември, која треба да биде затворена, да сообраќаат само возилата на градскиот јавен превоз. Во однос на компаниите кои имаат вработени и имаат сопствен автобуски превоз, ќе се разговара како тие патници да се качуваат на нивниот превоз.  Возило во должина до 6 м може да мине по улицата Страшо Пинџур и Гоце делчев,  во правец од Сармаале до Коњаникот а од правец на Коњаникот до Сармаале од ул. Гоце Делчев преку Страшо Пинџур, може да се движи превозно средство во должина до 10 метри. И тоа само во вечерните часови, кога ќе биде затворена улицата 8 Септември.  За проектот веќе се  барани и направени одредени остапки, улицата не е целосно затворена, туку само неколку месеци во ноќните часови. Но ќе се бара решени и за овие големи авгобуси, кога ќе треба да минат, дали можеби преку Речани за новиот дел на градот или патниците да се остваат во центар, или превозот да се врши со автобуси со овие димензии. Но затоа пак ќе се разговара и ќе се бара решение“ – вели Велков.  

Тој одговори и на неколку прашња, кои ги засегаат учесниците на собораќајот во градот.
 За пристап на возила од првец на центар, Коњаникот кон паркингот пред Основен суд Велес, каде се исцрта недпрекината сообраќајна линија, која покажува дека неможе од улица Гоце Делчев да се влезе на паркингот.

„Доколку се дозволеше таква можност, ќе се создаваше голема колона на возила во кругот на кружниот тек, бидејќи фрекфенциајта на улицата Гоце Делчев, во правец кон Коњаникот е интензивна и не ќе можеа да велат возилата на паркинг, со што ќе се оптовареше сообраќајот. Затоа ако некој сака  да влезе на паркинг од правец на Коњаникот, треба да дојде со плоштад Сармаале да заврти на кружниот тек, да се врати назад и да влезе на паркингот“’ – објасни Велков.

Во однос на пешачките премини, пред некогашното кино 11 Октомври кон НА -МА и од НА-МА кон кафеаната 903, објаснувањето е следно.

„Пред Европската куќа, некогашното кино, нема да се црта пешачки, бидејќи има погоре кај пешачките острови и долу кај Стопанска банка. Пешачки за кон Дворови ќе се црта, кога кискот ќе биде отстранет а сопственикот најавил дека тоа ќе го стори набргу. За да не се случува жителите на месноста Дворови, да вртат цел круг по пешачки за да стигнат до улицата за дома“ – кажа Велков.

И за крај на разговорот со Велков, за стојалиштата за такси возилата во Центар, кај Коњаникот и на Сармаале.

„Во Центар кај Коњаникот, засега  нацртани се четири такси стојалишта за толку возила, пред бутик Весна. Тие ќе бидат наскоро и во функција. Кај Сармаале нема можност за такси возила  бидејќи досегашните го отежнуваат сообраќајот и кон улица Архиепископ Михаил и кон  ул. Страшо Пинџур и тука нема да има такси стојалиште“ – објасни Велков.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »