речник контакт

Годинава продолжува промената на старата водоводна мрежа во градов

Планирано е со 18 милиони денари да се изврши промена на салонитните водоводни цевки во Велес со нови пластични

Петар Печков

Годинава продолжува замената на водоводната мрежа во Велес. Старите салонитните цевки ќе се заменуваат со нови пластични, за што е планирана инвестиција од 18 милиони денари.  

 Еден од приоритетите на ЈКП Дервен во оваа година е квалитетна вода за пиење да добиваат што поголем број велешани. И затоа планираме замена на старата водоводна мрежа со нова. На ова се работи 15 години а има уште 20 отсто цевки во градот кои треба да се променат  - велат од ЈКПО Дервен. 

Додаваат дека лани биле променети цевките на пет велешки улици, за што биле потрошени шест милиони денари. На ова проблематика во ЈКП Дервен се работи 15 години.  Старата дотраена водоводна мрежа била причина и за оштетување -пукање на цевките, па некои делови на градот да имаат чести прекини во водоснабдувањето.    

Овој капитален проект на замена на старата салонитна водоодводна мрежа со нова, во ЈКП Дервен планираат да заврши до 2012- година, кога сите домови во Велес  би се снабдувале од нови пластични цевки за вода.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »