речник контакт

Годинава рано започна откупот на сончогледот во велешка Маслодајна, цената е повисока од лани

Се очекува откуп од 5-6 илјади тони соноглед

Петар Печков

Започна откупот на сончогледот, индустриска култура од која со преработка се добива масло за јадење. Велешката фабрика „Кристал 1923“ е единствен капацитет кој го откупува и преработува сончогледовото семе. Вака раниот почеток на откупот, уште кон средината на август  не се помни. Цената е повисока од лани.

„Жетвата годинава почна порано, поради сушата и топлото време.  Планираме да го откупиме целиот род на сончоглед од Македонија.  Додатните количества ќе бидат набавени, увезени  од Србија. Откупната цена е 23,5 денари за кг. плус ДДВ. Би биле среќни со оглед на родот ако од Македонија откупиме 5-6 илјади тони“ кажа Горанчо Лазов извршен директор на „Кристал 1923“. Ланската откупна цена беше 20,5 денари. Месецов досега биле откупени илјада тони.

Од минатата година  ДДВ за сончоглед се покачи на 10 отсто, додека на суровото масло остана 5 отсто, со што  фабриката се става во нерамноправна положба, како единствен преработувач  во Македонија, на сончоглед во масло за јадење.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »