Петар Печков
Објавено: петок, 02 септември 2022
Годинешен добитник на наградата Коле Неделковски за животно дело е писателката Родна Јанчева. Признанието кое го доделува Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, годинава се додели по шести пат. Образложението го соопшти Лила Арсова, претседател на Клубот. Годинава дел од настанот се и Градскиот музеј и Локалната библиотека од Велес.
„Во животот ниту еден миг не е ист со друг миг. Оттука единствено и како естетска категорија, мерата на човечкото дело, останува да биде чувар, на трајни вредности“. Во денешниов миг, токму наградата за животното дело на Родна Јанчева ја има таа намена! Останува на љубителите и почитувачите на убавиот пишан македонски збор, да проследите, истражите и уживате во содржините на книгите кои таа ги има напишано“ - кажа Арсова.
Јанчева која е магистер по социјална работа, во 2016 година го објавува својот прв роман „Детето со променет идентитет“. следат, вториот роман „На брегот на Еуфрат“. Потоа следат „Неспокој“.па „Во тишината на немирот“ и годинава го објавува петтиот роман „Непребол“. Две од нив се и наградени.
„Ова признание е почит на тоа што се сум вложела како културно дело.. По пензионирањето почнав интензивно да пишувам, претходно со обврските што ги имав, не бев во можност. Откако станав пензионерка целосно се оддадов да пишувам“ - кажа Јанчева.
Наградата се доделува на 2 септември денот на смртта на поетот и револуционер Коле Неделковски, во неговата родна куќа во селото Војница.
Tweet |