Петар Печков
Објавено: среда, 29 декември 2010
Во Велес умре Андреја Карпузов, прв Македонец магистар по фармација и прв аптекар во Македонија. Гимназија завршил во Солун, Виша фармацевтска школа во Билиџик, во Турција, а дипломира на Царскиот медицински факултет, отсек фармација, во Цариград, во 1899 година.
Во Велес се вратил во 1903 година и се вработи во општинската аптека. Од 1907 до 1948 година има своја аптека во Велес, која му е национализирана. Роден е во Велес, на 10 октомври 1872 година.
Tweet |