речник контакт

Голем интерес за обука на лични асистенти за лица со попреченост и целосно слепи лица

Обуката ја организираше Општинската Организација на Црвен крст Велес

Петар Печков

Седумнаесет велешани   ги добија сертификатите како  посетителите  од  втората обука за лични асистенти за лица со попреченост и целосно слепи лица. Неа ја организираше Општинската Организација на  Црвен крст Велес.

„Задоволен сум од одѕивот. Можевме да примиме  посетители, согласно нашите просторни можности за место кое е лиценцирано и верификувано за реализација на оваа програма. Ова е втора обука, првата ја завршија девет и работно ангажирани се пет лични асистенти“ - кажа Орце Николов секретар на ОО на Црвен крст Велес.  

„Имав желба да работам хуманитарна работа и еве сега таа ми се исполни. Во Велес има голема  потреба за лични асистенти“ - рече  Никола Трајков, еден од посетителите на обуката.

„Во Велс има голема потреба, бидејќи населението е отсутно од нивните домови и лицата со попреченост имаат потреба  некој да се грижи за нив. Се решив за ова обука бидејќи овие лица кон нас гледаат како прозорец кон светот“ - рече   Магдалена Михајлова
Обуката траеше две месеци  и ја реализираа четворица предавачи.   

„Многу успешно е реализирана програмата како идни  персонални асистенти.  Се надевам дека ако предавачи бевме јасни, и дека ќе бидете добри во вашата натамошна работа“ - кажа д-р- Кевица Клифова еден од предавачите на обуката.   

„Ова  е еден од облиците на социјална заштита и се надевам дека предавањата  беа јасни. Ако има потреба ќе комуницираме и натаму. Се надевам дека ќе има потеа од Вас и  ќе бидете ангажирани од тие на кои им е потребна  вашата помош “ - рече Нада  Трајкова дипломиран социјален работник.

„Знам колкава е потребата од лични асистенти во градов .Затоа знаењата и искуствата кои ги стекнавте на оваа обука  да ги примените таму каде се најпотребни“  - вели Емилија Минова  Купенкова медицинска сестра

„Бевте солидна  група со одлични резултати и во тестовите и во праксата. Ви стоиме на располагање доколку имате потреба од инструкции и насоки за вашата работа“ рече Сања Стојанова Манева специјален едукатор.

Секое лице кое има потреба од личен асистент а може да го достави негов близок, роднина, сосед, се доставува до Центарот за социјални работи во Велес, каде надлежен ја потврдува  или не, ваквата потреба. Потоа истото се препраќа до ОО на Црвен крст Велес, кој испраќа понуда за ангажман на некое од овие лица со сертификат. Тоа ќе биде ангажирано 4 часа неделно а средства  за неговиот ангажман ги исплатува Министерството за труд  и социјална работа.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »