речник контакт

Голем интерес за набавка на субвенционирани велосипеди и сончеви колектори

За два дена поднесени 118 апликации

Петар Печков

За два дена полни раце работа са општинските службеници, кои ја примаат документацијата за субвенционирање при купување на велосипеди и сончеви термални колектори.  

Според информацијата од  надлежните во локалната самоуправа, денес до 15 часот    биле поднесени  82 апликации за набавка на субвенционирани сончеви колектори и 36 за набавка на субвенционирани велосипеди. 

Овие информации потврдуваат дека сме на добар пат да ги реализираме стратешките планови за развој на  Велес, како град на екологија и здрав начин на живот - рече на денешната  прес -конференција  градоначалникот Аце Коцевски. 

Јавниот повик е за  периодот од еден месец,  заклучно со 26-ти јуни и  се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“. 

Се  субвенционираат дел од трошоците направени при купувањето велосипед и сончев термален колектор, до  висина од 50% од вредноста. За велосипедот е до три илјади денари, додека на сончевиот термален колектор, не повеќе од 20.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Право на учество за добивање на субвенции  имаат физички лица кои ќе купат велосипед или сончев колектор  од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020, да се жители на Општина Велес и да не користеле субвенции за иста основа од страна на државните институции.

И за двете ставки, субвенциите за набавка на велосипеди и сончеви колектори во општинскиот Буџет обезбедени се по 500 илјади денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »