речник контакт

Голем интерес кај велешките земјоделци за кредити од ИПАРД

За десет дена 19 апликанти за ИПАРД кредитот

Петар Печков

Деветнаесет земјоделци аплицирале за кредит од ИПАРД програмата во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Велес.

Според раководителот на Агенцијата, Тони Тасков, интересот за аплицирање е голем. Од пријавените, тој информира дека најголем дел побарале финансиска помош за инвестиции во системот капка по капка.

Покрај апликанти од Велес имало и од Градско, Виничани, Чашка, Чичево, Иванковци и Горно Оризари.

Тасков појасни дека земјоделците прво треба да инвестираат сопствени средства, а доколку добијат кредит од ИПАРД, неповратно ќе добијат половина од вложените пари.

Заинтересираните земјоделци треба да ги достават потребните документи до Агенцијата за земјоделство, а рокот за аплицирање е до 29 ноември

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »