речник контакт

Голем интерес на велешани за вакцинирање од грип

Првиот ден за пет часа 150 чица примиле вакцина, за која се плаќа по 400 денари. Затоа побрзајте да не останете невакцинирани

Петар Печков

Започна вакцинацијата против  сезонскиот грип во Центарот за јавно здравје во Велес.  Велешани пред се од  повозрасните старосни групи масовно се  одѕваа и ја користат можноста да бидат вакцинирани. За жители на Велес и поблиската околина има  обезбедено 1.300 вакцини додека за цело Повардарие има 3,5 илјади. Досега во Велес нема регистрирано ниту еден заболен од грип, матичните доктори не пријавиле такво нешто до Центарот. 

Годинашната вакцина содржи антигени од три видови вируси грип, од некогашниот свински грип, калифорниски и грипот присутен на  нашето подрачје лани.  Кој е ќе ја прими вакцината ќе биде заштитен од нив во наредните месец, но и на сличните видови на грип. Имаме доволно вакцина  и мислам дека таа ќе одговори на  потребите на градот  – изјави др. Билјана Трајковска епидемиолог од ЈЗУ Центар за јавно здравје. 

Вакцината се препорачува на лица над 65 години возраст, хронично болни, пулмонални и срцево- садево болни, имунолошки послаби лица, на деца.  Против кој вид ќе се вакцинира се одредува врз основа на  истражувања кои се вршат за северната Земјина хемисфера и тоа прави  во институт во  Швајцарија и вакцината е иста за иста за сите земји  каде сега е есен.      Оваа бројка од 1,3 илјади вакцини  во велешко не е доволна да се спречи епидемија

На овој начин на вакцинација сакаме да  го спречиме грипот кај одредена група граѓани и да не влијае на нивната здравствена состојба. Затоа и Фондот не го покрива овој трошок, па се плаќа во цел износ – рече д-р Флорентина  Шурбевска Ристовска директор ан Центарот. За потсетување лани  бргу се потрошија количества вакцини и затоа надлежните повикуваат годинава, сите што сакаат да се вакцинираат побргу да не оставаат на времето.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »