Петар Печков
Објавено: четврток, 19 март 2009
Голем интерес на велешани за изградба на станови наменети за семејства со ниски примања кои ќе ги гради американската невладина и непрофитабилна организација Хабитат. Заклучно со 20 февруари кога истече рокот за пријавување за првите 24 стана, примени се 126 пријави.
- Бројот на пристигнати пријави е над очекувањата. Нашата проектирана бројка на пријави беше 60. Интересот е голем. Во тек е првиот круг на селекција кој подразбира проверка на пријавите треба да заврши до средината на март – изјави Зоран Костов национален директор на Хабитат за Македонија.
Сите кои ги исполнуваат условите ќе бидат поканети да поднесат документи со кои ќе ги потврдат податоците кои се наведени во пријавите. По поднесувањето на документите следува поединечна посета на семејствата, од трочлена комисија на Хабитат Македонија во која е вклучен и еден претставник на општина Велес.
По извршените посети комисијата ќе направи прелиминарна ранг листа, по што најдобро рангираните семејства ќе се поканат да почнат да волонтираат на објектите кои се во изградба. Селекцијата на добитниците на домовите е комплексна, бидејќи ќе вклучува месечниот приход, состојбата на објектот каде моментално живеат, дали се кредитно способни.
Новите домови нема да бидат подарок, туку ќе бидат добиени со долгорочен кредит на 20 години. Доколку во меѓувреме сопственикот од низа причини не може да го плаќа надоместокот, по истекот на овој период комисија ќе решава дали може да се продолжи тој период или ќе треба да се исселат.
Хабитат ја обезбедува комплетната финансиска конструкција, вредна 2,7 милиони долари. Тие велат дека ова е мала инвестиција по вредност, но голема бидејќи е од невладина организација и средства обезбедени од американските граѓани.
Населбата ќе се простира на 10 илјади метри квадратни површина во месноста Тунел 2 и е лоцирана на државно земјиште, кое е добиено на долгогодишно користење по јавен повик од Министерството за транспорт и врски. Населбата ќе се гради во три фази, а во првата е предвидено да се изградат 4 од вкупно 11 објекти. Хабитат постои повеќе од 30 години а во Македонија работи од 2005, досега на реконструкција и реновирање на субстандардни домови.

Tweet |