Петар Печков
Објавено: четврток, 10 август 2017
Од вчера напладне беснее голем пожар во близина ан Јасеново. Според информациите од Центарот за управување со кризи, пожарот е регистриран од вчера, среда во 13,50 часот и дошол од прилепска страна.
Моментално горел на локација Јасеновска глава. Го гаснеле екипи на вработени од Шумско стопанство бабуна Велес а претпладнево таму биле и хеликоптери на АРМ.
Огнот зафнал големи површини ниско стеблеста и деградирана шума, но постои опасност да зафане и од шумите кои се во близина.
Tweet |