Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 август 2019
Голем пожар ја зафати боровата шума, близу Велес, на крстосницата за Башино село и патот кон езеро Младост.
Огнот избувнал околу 11,40 ч. кога пожарникарите од ТППЕ од Велес добиле повик и испатиле екипи да го локализираат огнот.
Бидејќи е зафаната голема површина, освен дрва гори и сува трева, Општина Велес побарала од Дирекцијата за заштита и спасување, во гаснењето на огнот да се вклучат и авионите ер трактори.
Црниот чад од пожарот стигнува и до Велес а го отежнува и сообраќајот на автопатот на излезот од Велес кон Скопје.
Tweet |