Петар Печков
Објавено: вторник, 10 февруари 2015
Ноќеска околу 12,30 часот во месноста Дворови изби голем пожар во кој две куќи изгореа до темел а во третата која е конфекција изгоре опремата и репроматеријалот. Во пожарот едно лице го загубило животот, старица која живеела во една од куќите.
При интервенцијата еден од пожарникарите, од експлозија на боца со плин е повреден и пренесен во Болница. При интервенција возачот на итната помош,кој билм службено таму, се лизнал на водата која подмрзнала од ниската температура и има скршеница на ногата.
Силниот северен ветер придонел да огнот зафати три куќи и направи голема материјална штета. Во велешката Болница шест лица утрово биле примени, четворица по укажаната помош се пуштени дома а двајца се задржани, со помали изгореници, информираше портпаролот д-р Мишкoва.
Tweet |