Петар Печков
Објавено: петок, 16 август 2024
Археолошкиот локалитет Стоби во првата половина од годинава бележи висока посетеност, која најавува дека ќе има успешно лето, период кога има најмногу гости. Директорот Спасе Перовски е оптимист дека годинава ќе се надмине рекордната од 2018 кога имало околу 22 илјади туристи.
„Археолошкиот локалитет Стоби е златната белегзија која ја има Македонија. И затоа треба максимално да ја искористиме, промовираме. Годинава сме на патот да го надминеме високиот праг на посетеност од претходните години. Имаме наплив на туристи, бројки кои ги надминуваат претходните. Пролетва имавме голем број ученици основци, средношколци од Македонија на екскурзии, наменски за Стоби. Странските посетители се побројни од домашните“ – кажа директорот Перовски.
За првата половина од годинава Стоби го посетиле 9.939 туристи повеќето од нив последнети два месеци а лани за шест месеци имало 7.419 гости. Во текот на целата 2023 година во локалитетот имало 20.556 посетител.
Во ракмите на Стоби има суверниница, каде посетителите имаат можност да набават триесетина различни рачни изработки.
Tweet |