Петар Печков
Објавено: четврток, 15 август 2013
Традиционалната голема летна крводарителска акција, која неколку години по ред се одржува во Велес, ќе се одржи на 21-ви и 22-ри август. Организаторот Општинската организација на Црвен крст веќе ја започна кампањата за информирање на велешани. Акцијата ќе се одржи на нов простор во фоајето на салата Бели Мугри. Терминот е од 7 до 14 часот, двата дена, среда и четврток. Оваа акција е меѓу најбројната во земјава со најмногу собрани единици на крв.
Tweet |