речник контакт

Големите мајстори на кујната открија мали тајни во нејзината подготовка, кои се најчестите грешки во сервирањето на храната во регионот

Послужувањето на даска не е правилно, додаток од зеленчук со храната во чинија не е правилно... Епизода кога на свадба требало да се послужи наместо блага, солена невестинска торта

Петар Печков

Големите мајстори на кујната од Балканот,  открија мали тајни  во подготвката, сервирањето на храната. Тие пластично посочија неколку примери на одомаќени послужувања, кои стручњаците ги сметаат за грешка, не само во Македонија туку се присутни и во регионот. 

„Јас сум против кога скара  се служи на дрвена  даска. Од две причини. Првата е што даската не може да се испере темелно, тие мали порикои  се полнат со бактерии.Затоа ако мора да се служи нека се служи со нешто што ќе ја прекрие даската, па врз неа месото.  Служењето на даска е обичај кој тешко ќе се искорени на овие простори. Потоа на таа даска се поставуваат неколку продукти од скара. Тоа секогаш е месо кое брзо се изладува и се јаде ладно. А скарата не се јаде ладна.  Имам искуство од ресторан во Белград, кога бев млад кувар, во ресторан „Кумбара“. И таму ни носеа прво ќебапи, па уштипци, ражњиќ, па мали плескавици, па џигер во дарбија. Се тоа одвоено и го именуваа „лесковачи воз“.  Се беше сервирано топло, одвоено и беше многу вкусно“ – кажа  Стево Карапанџа, познатиот  мајстор на кујната. 

Тој раскажа и настан во еминентен Загребски хотел, каде тој бил шеф на сала, кога се служела невестинската торта.

„Тој што ја подготвувал згрешил, наместо шеќер, ставил сол. И таа беше солена. А во моментот треба да влеземе на свдабата со невистинската торта. На келнерите им пренесво сите блага што ги имаат да ги делат, плус жесток пијалак. Кога влеговме и и кажав на младенката таа остана без зборови, изненадена. Но мојата искреност и благата кои веќе се делеа по масите и пијалокот го надминаа проблемот и се слушна аплауз во салата“ – додаде Карапанџа. 

На негово големо изненадување, еден од учениците, втора година на средното училиште „Коле Недлековски“ од Велес, каде тие одржува мастер клас предавања за угостителската струка, му донесе книга, сопственост на неговиот дедо, и и двајцата со исто име Борис. Карапанџа не можеше да верува дека тука некаде во Велес, некој ја има во сопственост неговата прва книга издадена пред 50 години, а издал досега седум книги. Дедото Борис бил кувар во детските градинки во Велес а и од неодамна е пензионер. Но со љубов ја чувал и му ја предал на внукот да учи од неа за кулинарството.  

Предавања имаше и Драгица Лукин од Хрватска. Таа во пракса  подготви блага пита пастрмајлија, наместо со месо изработена со јаболка прелиени со јајца. Изработи и благ колач од ориз, подготвен од кочански. Таа секаде каде гостува го промовира кочанскиот ориз, за што е прогласена за почесен граѓанин на Кочани. 

Меѓу предавачите беше и Ерих Главица од Хрватска. 

„На чиниите секаде во регионот се поставува нешто зелено,  како украс меѓу другото и домат. Има правило дека секоја храна во чинијата што гостинот ја добива, мора да биде термички обработена. Или се додава некакви чипсови, што ја уништува креацијата во чинијата.  Наследството е најважен дел. Еве во Македонија имате 70 отсто од сите потребни намирници за подготовка на храна.  И треба да го подигнете кулинарството да биде топ дестинација за гостите од светот, тоа е ваша шанса за туризмот. Пак ќе одам со пример од регионот. Има традиционална храна која никој не ја сака и тоа најголем проблем. Што јаделе нашите баби и дедовци,  тоа треба да се подготвува, но треба современо да го сервирате“ – рече Главица.

Гостувањето на 15 шефови на кујна од десетина Европски држави во Велес беше преку здружението Гастроман. Тие три дена ги учеа учениците од средното училиште „Коле Неделковски“ на практични совети за подготвка на храната. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »