речник контакт

Големо пролетно чистење на Велес

Акцијата опфаќа собирање на габаритен отпад, почнува оваа сабота а ќе трае два месеци

Петар Печков

Општина Велес и ЈКП „Дервен“ во месеците мај и јуни ќе организираат „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“. Акцијата започнува во сабота,  14.05.2011, а ќе се одвива во периодот од 8 до 18 часот на сите  улици кои гравитираат од лева страна по течението на реката Вардар.

граѓаните ќе можат беспалтно да се ослободат од габаритниот отпад во кој спаѓаат:

- Делови од мебел
- Душеци
- Дрвена амбалажа
- Столарија без стакло
- Пластични сандаци и гајби
- Алати
- Стари велосипеди
- Пружини
- Радијатори
- Санитарии


Граѓаните ќе можат да го одложат својот габаритен отпад пред сопствените објекти, на достапно и видно место, доколку просторот дозволува и не го попречува одвивањето на сообраќајот. Доколку е оневозможено оставање пред објектот, почекајте ги возилата на ЈКП „Дервен” за да може директно да го изнесете отпадот од Вашиот објект.

Во случај на поголем интерес, акцијата на определениот реон ќе продолжи и во недела, во истиот термин. На неовластени лица нема да им биде дозволено да пребираат и да земаат отпад од локациите за сопствени потреби. Ако забележите вакви случаи, пријавете во МВР - СВР Велес. Собирањето на отпадот ќе биде бесплатно.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »