Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 септември 2012
Голманот Виктор Гигов во наредната сезона ќе настапува за турски Мерсин. Откако македонскиот интернационалец мината полусезона остави одличен впечаток со добрите одбрани, турците повторно го ангажираа, иако тој имаше понуди да брани и во Израел
. Годинава со амбиции за врвен пласман кој обезбедува излез на евро -сцената, Гигов ќе треба да му помогне на Мерсин во овие планови. Гигов има богата меѓународна кариера, бранеше на Исланд, Хрватска, Јужна Кореја, Грција. Во Мерсин е ангажиран и уште еден велешанец, младиот десен бек Ивица Лазаревски кој иако има 20 години веќе започна со меѓународна кариера.
Tweet |