Петар Печков
Објавено: вторник, 22 февруари 2011
Голманот Виктор Гигов пролетната полусезона ќе настапува за велешкиот супер лигаш Борец. Тој ја прифатил понудата од новото раководство на неговиот матичен клубот, да му помогне во настојувањата да се избегне претпоследното место и баражот за разигрување во супер лигата.
Гигов имаше богата интернационална кариера, лани настапуваше во Јужна Кореја, откако претходно го бранеше голот на екипи од Исланд, Хрватска, Грција.
Претходно Борец се засили и со петмина други ракометари, со кои очекува дека ќе стигне до шестото место од табелата, сега е седми со една победа во есенската полусезона.
Tweet |