речник контакт

Голманот Колев замина од Борец во Полска

Не се најавуваат промени во составот на РК Борец. Новини дури во плеј оф разигрувањето.

Петар Печков

Кирил Колев, голманот на РК Борец кариерата ја продолжува во Полска, во екипата на Азоти Пулави. Колев потпишал договор за настап за следните две години.

Од ракводството на РК Борец најавуаат дека до почетокот на вториот дел од првенството, тие не планираат да се засилуват на било која позиција, вклучувајќи го и голманското место. Сметаат дека Гигов и Крстевски  можат одлично да ја завршат работата меѓу стативите.

До тогаш нема да има никави новини во играчкиот кадар, но затоа за вториот дел од првенството од РК Борец велат дека ќе има две засилувања, со кој треба да се противстават на РК Металург и РК Вардар но и да бидат подобри од Пелистер и останатите учесници во лигата, која тогаш ќе брои шест екипи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »