Петар Печков
Објавено: вторник, 29 јуни 2021
Голем шумски пожар ја зафати шумата во регионот на Азот, на планината Даутица, помеѓу селата Ореше и Папрадиште.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, огнот зафанал површина од 50-тина хектари даб а попладнево таму бил испратен и хеликоптер на АРМ.
„Огнот не е локализиран, попладнево гасеше и еден воен хеликоптер. Локализирањето на пожарот продолжува утре. На местото се екипи од 20-тина вработени на Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес“ - кажаа од Центарот за управување со кризи.
Огнот е регистриран вчера, понеделник околу 11ч. Мештани од Папрадиште пак посочуваат дека оган имало уште во неделата вечер за што пријавиле кај надлежните.
Tweet |