Петар Печков
Објавено: четврток, 24 ноември 2022
Со повлекување на обвинението од страна на Вишото Јавно обвинителство во Скопје, заврши судскиот процес кој се водеше против поранешниот градоначалник на Општина Чашка Горан Пановски.
Тој беше обвинет за кривично дело „злоупотреба на службена положба“. Постапувајќи по жалбата на неговиот бранител адвокат Трајче Тошевски,
Апелациониот суд од Скопје ја укинал првостепената пресуда на Основен суд Велес. Започнало ново судење, каде обвинителот на Вишото Јавно обвинителство Скопје, го повлекол обвинението по што Горан Пановски е ослободен од обвинение.
Тој во два наврати во Основен суд Велес беше неправосилно осуден, за процесот на легализација на Планинарскиот дом „Чеплес“.
Tweet |