речник контакт

Горештините завршија, летото ќе потрае до календарскиот крај

Највисока вредност измерена во Велес летово е на 6-ти август 36,2 степени Целсиузови, во сенка

Петар Печков

Летото до неговиот календарски крај, 21 септември и ќе биде сончево и топло. Горештините со овие два дена, кога се искачи во Велес до 34 степени, тие извршија. Според синоптичарите во Управата за хидрометеоролошки работи, повеќе не се очекуваат екстремно високи температури поради кои би се прогласувале жолти или портокалови аларми.

Температурите ќе бидат пријатни, околу 30 степен. До крајот на август не се очекуваат временски изненадувања, односно ќе биде сончево и топло, но нема да има екстремни вредности. Генерално, горештините завршија. И до крајот на летото, односно следниот месец, не се очекуваат некои нагли промени. Времето ќе биде пријатно, а ако има врнежи, тие ќе бидат локални и во попладневните часови - велат во УХМР.

Според мерната метеоролошка станица на  ЈКП Дервен, лоцирана кај фабриката за вода, Велес ова лето имаше највисока температура од 36 степени Целзиусови измерени на 6-ти и 8-ми август. Ова се вредности измрени во сенка на две метри над земја поточно тревна површина.

Според странските метеоролошки страници, во Македонија не се очекуваат нагли промени во наредниот период. За Велес  деновите до крајот на август и во септември, генерално, се означени со знак за сонце.

Еве линк кој ќе ве одведе за најточната  метео прогноза за Велес :

http://www.accuweather.com/en/mk/titov-veles/231438/september-weather/231438?monyr=9/1/2013

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »