Петар Печков
Објавено: вторник, 03 септември 2019
На пладне околу 11,30ч. голем пожар е забележан близу Велес. Облакот густ чад се крева високо и се забележува од сите страни на градот.
Според командирот на ТППЕ Велес, Љупчо Лепидовски , огнот е кај село Црквино.
Мештаните велат дека гори шума на приодот од Венуле и запалени се дабови дрвја и смрека на неколку хектари.
На лице место веќе се екипи на пожарникари од Велес, кои го гаснат огнот.
Tweet |