речник контакт

Горјан Анастасовски се врати во Борец

Засилување е и Мартин Гинов

Петар Печков

Ракометниот интернационалец Горјан Анастасовски реши крајот на  кариерата, да ја заврши во матичниот клуб ГРК Борец од Велес.   Тој деновиве потпиша за велешкиот супер лигаш, каде ги започна првите ракометни  почетоци.   Анастасовски  игра на  позицијата  лево крило но и  централен бек.

Со моето искуство и знаење, се надевам дека ќе помогнам во остварување на целта на мојот матичен клуб, опстанок. Мислам дека тоа нема  да биде во прашање со овој состав на клубот.    Се враќам во Борец по 12 години. Може уште една сезона, од есен  да  изиграм за Борец  - рече Анастасовски.

Тој последните  десетина години   настапуваше во  екипи  од Франција. Во   кариерата  има настапувано и 20  натпревари за македонската репрезентативна  селекција и 30-тина за младата.  Во преодниот рок за клубот потпиша  и  Мартин Гинов, кој во Борец се враќа  од  Пелистер, каде  настапуваше една сезона.   Раководството на ГРК Борец има за цел создавање на екипа  со ракометари кои се родум од градот.

 По 14 одиграни кола   од Супер лигата,  екипата на  Борец е на честото место, со   16  бодови, пет победи, еден  нерешен резултат и осум порази.  Главен финансиер на клубот е  Општина Велес, која за годинава одвои 30 илјади  евра Буџет.    Играчите веруваат дека оваа година велешкиот супер лигаш ќе  опстане.

Очекувам да ја оствариме  нашата цел, опстанок во лигата. Во преостанатите четири натпревари од првиот дел, имаме тешки средби  и распоред, но  ќе се обидеме да  извлечеме добар резултат со Пелистер дома и  Радовиш на гости. Потоа во лигата која разигрува за  опстанок  да и оствариме опстанок -  изјави  Кире Мачавелов, кој игра на позицијата среден бек.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »