Петар Печков
Објавено: среда, 10 мај 2023
Со убедливата победа 4:0 над Борец од Велес, фудбалскиот второлигаш Гостивар обезбеди влез во Првата македонска фудбалска лига. Ова беше натпревар од претпоследното коло на Втората фудбалска лига одигран во Гостивар.
Гостиварци ја остварија 22-та победа а велешани 27 пораз, за разлика од домаќините кои се без ниту еден пораз во првенството. Освоените бодови на едно коло пред крај на годинешната натпреварувачка сезона му се доволни на ФК Гостивар од наесен да настапи во елитното фудбалско друштво.
Во последното коло, кое се игра в сабота, во Велес гостува новиот шампион на Втората лига, екипата на Воска спорт од Охрид. Така за разделба од второлигашка конкуренција ќе играат првопласираниот и последно пласираниот тим на табeлaта.
Tweet |